Претседателот на Европската комисија Урслула фон дер Лајен денеска го претстави новиот состав кој треба да почне со работа во ноември. Овој состав претходно треба да биде одобрен од страна на Европскиот парламент. Она што за нас е најважно е што за нов комесар за проширување е назначен Унгарецот Ласло Трошани.

Комесар остана и нам добро познатиот Јоханес Хан, но наместо со проширувањето овој пат ќе раководи со буџетот на ЕУ.

За свои заменици Фон дер Лајен ги назначи Валдис Домборовскис, Франс Тимерманс, Маргрет Фештагер и Вера Јурова.

За иновации и млади ќе биде задолжена Бугарката, Марија Габриел, додека Ирецот, Фил Хоган ќе го добие секторот трговија.

Фон дер Лајен соопшти дека сака нејзината Комисија да биде флексибилна, ажурна и современа, посветена на Европа, која ќе ги слуша желбите на Европејците.