Доналд Трамп во вторникот вечерта по американско време се врати во Конгресот како би го одржал свечениот говор за состојбата на нацијата. Пораките кои ги испрати се историски и ќе имаат големи последици по Америка и целиот свет, оценуваат медиумите.

Тој рече дека ќе „изгради ѕид“ на границата со Мексико, нагласувајќи дека само ѕид кој ќе штити од илегална миграција може да ја гарантира безбедноста на САД.

Во минатото, поголемиот дел од луѓето во оваа сала гласаа за ѕидот, но вистински ѕидот никогаш не е изграден. Јас ќе го направам!, рече Трамп пред Конгресот во своето второ обраќање за состојбата на нацијата.

Тој ги повика делегатите, републиканци и демократи, да постигнат компромис околу прашањето со имиграцијата.

Ѕидовите делат и ѕидовите спасуваат животи. Ајде да соработуваме, да постигнеме компромис и договор со кој ќе ја направиме Америка безбедна, порача Трамп.

Трамп истакна дека ќе „продолжи со надворешната политика која на прво место ги става амриканските интереси“. Повикувајќи на единство, американскиот претседател нагласи дека „победата не значи победа на партијата, победата значи победа за нашата земја“, истакна Трамп.

Трамп истакна дека САД поминува низ економско чудо.

Економското чудо се случува во САД и единствена работа која би можело да го сопре се глупавите војни, политиката и смешните истраги, рече Трамп. Тој ги предупреди демократите да не се впуштаат во бесконечни истраги кои би можеле да ја ослабат американската економија.

Во однос на очајните состојби и немири во Венецуела, како што рече Трамп, под режимот на Николас Мадуро, претседателот го спомена и зборот „социјализам“ и укажа дека „Америка никогаш нема да биде социјалистичка земја… Ние сме родени во слобода и ќе останеме слободни“.

Погледнете го целото обраќање на Претседателот на САД Доналд Трамп