Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин нема да успее да издејствува гласање недоверба на владата на премиерот Борис Џонсон поради Брегзит.

Трамп денеска на Твитер напиша дека ќе биде особено тешко со оглед на „фактот дека Борис е токму она што го бараше Велика Британија“ и оти ќе покаже дека е „голем“.

Британската кралица Елизабета Втора го одобри планот на премиерот Борис Џонсон за суспендирање на парламентот.

Корбин денеска и пиша на кралицата Елизабета Втора и изрази голема загриженост поради планот на премиерот да го суспендира парламентот до 14 октомври и воедно побара средба со неа.

Лидерот на Лабуристичката партија рече дека неговата партија ќе стори сé за да ја спречи владата да го суспендира парламентот.

Тој рече дека прво ќе се залага за  законски пропис со кој би се спречило суспендирањето на парламентот, а потоа ќе побара гласање за недоверба на владата.