Претседателот на италијанската опозициска Демократска партија, Никола Цингарети, изјави денеска дека му кажал на претседателот Серџо Матарела дека неговата партија е подготвена да се обиде да формира влада со Движењето Пет ѕвезди.

Тој по разговорот со Матарела посочи дека неговата партија е подготвена да го прифати кандидатот на Движењето, Џузепе Конте, за премиер.

Поранешните „лути противници“ – Демократската партија и Движењето Пет ѕвезди започнаа преговори за формирање коалиција откако се распадна сојузот меѓу Движењето и „Лига“, предводена од Матео Салвини.