Британската влада го суспендира Парламентот до 14 октомври, на само 17 дена пред очекуваното излкегување од ЕУ – Брегзит. Кралицата Елизабета Втора го одобрила барањето на премиерот Борис Џонсон, објавија медиумите.

Според Џонсон, прдолжувањето на суспензијата на работата на Парламентот е потребна зашто тој сака да поднесе нови планови на неговата влада до 14 октомври, на што жестоко се противат претседателот на Долниот дом и опозицијата.

Според нив, Џонсон го замолчал Парламентот за да спречи Претставничкиот дом да расправа за Брегзит без договор на 31 октомври. Межутоа Џонсон тоа го негира и пораќа дека „има доста време за дебата до 31 октомвмри“.

Спикерот на Парламентот, Беркоу, за Би-би-си изјави дека пшредложената суспензија на Парламентот е со цел да се спречи парламентарна дебатѕа за Брегзитот и е непочитување на Уставот.