Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин нема да успее да издејствува гласање недоверба на владата на премиерот Борис Џонсон поради Брегзит.
Трамп денеска на Твитер напиша дека ќе биде особено тешко со оглед на „фактот дека Борис е токму она што го бараше Велика Британија“ и оти ќе покаже дека е „голем“.
Would be very hard for Jeremy Corbyn, the leader of Britain’s Labour Party, to seek a no-confidence vote against New Prime Minister Boris Johnson, especially in light of the fact that Boris is exactly what the U.K. has been looking for, & will prove to be “a great one!” Love U.K.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 28, 2019
Британската кралица Елизабета Втора го одобри планот на премиерот Борис Џонсон за суспендирање на парламентот.
Корбин денеска и пиша на кралицата Елизабета Втора и изрази голема загриженост поради планот на премиерот да го суспендира парламентот до 14 октомври и воедно побара средба со неа.
Лидерот на Лабуристичката партија рече дека неговата партија ќе стори сé за да ја спречи владата да го суспендира парламентот.
Тој рече дека прво ќе се залага за законски пропис со кој би се спречило суспендирањето на парламентот, а потоа ќе побара гласање за недоверба на владата.
Comments are closed for this post.