Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денеска дека ќе испрати 1500 војници на Блискиот исток како мерка на претпазливост.
„Сакаме да бидеме заштитени на Блискиот исток. Испраќаме релативно мал број на војска, главно одбранбени“, изјави Трамп напуштајќи ја Белата куќа пред да замине во Јапонија.
Тој наведе дека неколку талентирани луѓе заминуваат на Блискиот исток.
„Ќе видиме што ќе се случи“, додаде Трамп.
Новите сили треба да помогнат во јакнење на американската одбрана во регионот и дека овие сили вклучуваат инженери.
Претходно овој месец, војската на САД распореди носачи на авиони, бомбардери и Патриот ракети на Блискиот исток, како одговор на тоа што Вашингтон го оцени како загрижувачки индиции заради подготовките на Иран за напад.
Реториката помеѓу Техеран и Вашингтон ескалираше последните недели кога САД ги заострија санкциите со цел да се натера Иран да направи се кога станува збор за условите од нуклеарниот договор.
Трамп во понеделникот предупреди дека Иран ќе биде соочен со „голема сила“ доколку ги нападне американските интереси на Блискиот исток.
Comments are closed for this post.