Тројца планинари загинаа вчера на врвот Монт Еверест , а во текот само на оваа недела седуммина ги загубија животите , што е повеќе од бројот на загинати во текот на целата мината година.

Двајца планинари од Индија, Калпан Дас (57) и Нихал багван (27) загинаа вчера при спуштањето од Монт Еверест . Според локалните организатори , овие планинари заглавиле на врвот цели 12 часа поради метежот на врвот и не можеле да почнат со спуштањето.

65- годишен планинар од Австрија , пак , полчинал на северната , тибетанска страна на планината. Сите тие биле исцрпени поради чекањето да се расчисти метежот за да можат да се симнат.

Пред тоа , во средата почина Индијка и Американец , а ирски државјанин е прогласен за починат по падот на 16. мај. Синот на Индијката раскажува дека и мајка му починала од исцрпеност при симнувањето од планината , зашто морала да чека да се расчисти метежот во кампот 4 на височина од 8 000 метри.

Во средата на врвот во исто време имало 320 луѓе , што никогаш порано не се случило.