Во изминатите два дена на протестите на улиците во Венецуела, настрадаа 14 лица. САД, Бразил и други земји, објавија во средата дека за привремен претседател го признаваат претседателот на венецуелскиот парламент Хуан Гуаида.

Гуаида во средата во Каракас себеси се прогласи за привремен претседател на Венцуела, пред толпата луѓе кои протестираа против актуелниот претседател Николас Мадуро.

Откако на 10 јануари, по неколку неуспешни обиди заради бојкотирање на изборите, Мадуро го започна новиот мандат, приврзаниците на венецуелската опозиија побараа од Гуаида да ја преземе улогата на претседател.

Триесет и пет годишниот Хуан Гуаида, изјави дека е приморан на ваквиот потег бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да ја спаси Венецуела од „диктатура“ и враќање на уставниот поредок.

Денеска, на 23 јануари, објавувам дека формално ги преземам надлежностите на националната извршна власт како претседател на Венецуела, за да се стави крај на узурпацијата, изјави Гуаидо во обраќање на антивладиниот протест во Каракас.

По самопрогласувањето на Гуаидо, се огласи американскиот претседател Доналд Трамп, кој соопшти дека САД го признаваат спикерот на Парламнетот за в.д. претседател на Венецуела.

Денеска, официјално го признавам претседателот на венецуелското Национално осбрание, Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, се вели во вчерашното соопштение на Трамп, во кое се нагласува дека Парламентот е „единствениот легитимен орган на власта“ во земјата.

Трамп притоа ги повика и другите западни земји да го признаат Гваидо за претседател.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе се обедини во поддршката за демократските сили во Венецуела.

За разика од Мадуро, парламенарното собрание вклучувајчќи го и Хуан Гуаидо, има демократски мандат што им го дале граѓаните на Венецуела, напиша Туск на Твитер.

Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај, Чиле, Перу, Гватемала, објавија дека го признаваат лидерот на опозицијата Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.

Мексико и Боливија сепак, соопштија дека и понатаму го признаваат Николас Мадуро за претседател на таа јужноамериканска држава.

Во меѓувреме, претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави дека ги прекинува дипломатските односи со САД и на нивните дипломати им даде рок од 72 часа да ја напуштат државата. Тој нагласи дека САД прават „огромна грешка”.

На ваквата одлука, денеска реагираше американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој рече дека Мадуро нема овластување да ги протера американските дипломати.

Соодветно на тоа, САД сметаат дека поранешниот претседател Николас Мадуро нема законско овластување да ги прекине дипломатските односи со САД или да ги прогласи нашите дипломати за персона нон грата, истакна американскиот државен секретар.

Помпео ги предупреди „воените и безбедносните сили на Венецуела“, кои одбија да го признаат претседателот на парламентот, Хуан Гуаидо за привремен претседател, да не се обидуваат да ги отстранат дипломатите со сила или да реагираат на нивното одбивање да си заминат.

За случувањата во Венецуела, денеска се огласи и Русија.

Случувањата во Венецуела го покажуваат вистински однос на Западот кон меѓународното право, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Случувањата во Венецуела покажуваат многу добро како напредното западно општество навистина го третира меѓународното право, суверенитет и немешање во внатрешните работи на други држави, директно менувајќи ги работите таму, изјави Захарова.