По масовните убиства со пукање, кои се случија во првите денови од август во Охајо и Тексас, во САД, Доналд Трамп и неговите политички колеги уште еднаш за виновни ги сметаат насилните видео игри и нехуманите индивидуи.

Републиканецот Кевин Мекарти изјави дека луѓето мора да престанат да го глорифицираат насилството.

„Ова ги вклучува и ужасните и одвратни видео игри, кој се сега вообичаени. Денеска е премногу лесно за проблематичните млади луѓе да се опкружат со култура, која го слави насилството. Мораме тоа да го запреме или значително да го намалиме, а тоа мора да го започнеме веднаш, изјави Мекарти за американската телевизија Фокс.

Ова не е прв пат видео игрите да се поврзуваат со ваквите настани. Иако не постојат конкретни докази дака влијаат на психата, правејќи ги лоши по себе и околината, секогаш кога ќе се случи некое крвопролевање вината за причините се гледа во видео игрите.

Сајтот „Верге“ потсетува дека во Америка од 2011 година се спроведуваат различни студии, кои досега не ги довеле во врска насилните игри и насилното однесување по играњето. Овој сајт наведува дека во САД имало повеќе масовни убиства со пукање, отколку денови во годината и дека проблемот очигледно е на некое друго место, можеби непотребното вооружување на домаќинствата и слабата контрола на истото, а не видео игрите.