Торнадо, за кого пожарникарите рекоа дека траело кратко, но било многу силно, го погоди пограничниот германски град Ахен при што предизвика значителна материјална штета.

Локалната пожарникарска служба соопшти дека биле оштетени 40 куќи.

Локалните власти отворија прифатен центар во училиштето како помош за жителите кои не можат да се вратат во своите домови. Во моментов се пријавиле 30 лица на кои им биле потребна итна помош за сместување.

Во торнадото пет лица биле полесно повредени.