Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека сите членки на сојузот почнале да ги зголемуваат буџетските средства во секторот одбрана.

Столтенберг се обрати пред новинарите во Брисел по повод објавувањето на извештајот за 2018 година и истакна дека НАТО ги продолжува инвестициите кои имаат за цел „лесно надминување на бебедносните предивици во иднина“.

Тој кажа дека НАТО минатата година ги зголемило издвојувањата за секторот одбрана, но и оствариле напредок во полето на одбраната и превенцијата, пренесува Анадолија.

Столтенберг исто така кажа дека НАТО продолжува да делува како членка на меѓународната коалиција за борба против ИСИЛ, дека е интензивирана соработката со ЕУ и дека започнале процес за членство на Северна Македонија во Алијансата.

Распределба на трошоците

„Распределбата на трошоците во НАТО треба да бидат праведни. Сите членки почнаа да го зголемуваат буџетот за одбрана. Европските сојузници и Канада од 2016 година потрошиле дополнителни 41 милијарда долари, а до крајот на годината очекуваме да достигнеме и 100 милијарди“, изјави Столтенберг.

Во Годишниот извештај стои дека седум членки на сојузот минатата година ја надминале границата од два отсто од БДП. Станува збор за граница која членките на НАТО ја имаат договорено уште во 2014 година.

Најмногу за одбрана издвоиле САД кој за тие намери потрошиле 3,39 отсто од БДП. Следува Грција со 2,22 и Велика Британија со 2,15 отсто. Границата од два отсто ја премина и Естонија, Полска, Летонија и Литванија.

Турција за одбрана минатата година издвоила 1,64 отсто од БДП, додека Германија 1,23 отсто, а Италија 1,15 отсто.

Белгија и Шпанија, за одбрана издвоиле 0,93 отсто од БДП, со што се на дното на листата, а од нив за истата потреба помалку потрошил само Луксембург, 0,54 отсто.