Претставничката на СЗО, Марија ван Керкове оцени дека не е време да се опуштиме пред пандемијата, иако има пад на бројот на новозаболени лица ширум светот.

Таа додаде дека оптимизмот во врска со излезот од кризата го намалува ширењето на нови варијанти на вирусот, како и сомнежите во ефикасноста на вакцините, објави „Ројтерс“.

Не смееме да се доведеме во ситуација во која повторно би имале зголемување на бројот на заболени“, предупреди вчера Ван Керкове.

Во последните 24 часа, во светот беа потврдени 351.335 нови случаи на ковид-19 и 10.957 смртни случаи кај ковид пациенти.

Досега, вакцинацијата започна во 85 земји, а администрирани се нешто помалку од 188 милиони дози.