Судот во Лондон го осуди основачот на Викиликс, Џулијан Асанж на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода пред речиси седум години.

Асанж потоа се криеше во Амбасадата на Еквадор во Лондон, од каде минатиот месец беше изнесен и уапсен.

Минатиот месец тој е осуден за непочитување на условите за кауција, а одредена е негова екстрадиција во Шведска поради обвинувања за силување.

САД го обвинуваат и за учество во една од најголемите шпионски афери, загрозувајќи ја американската безбедност.