Првото лице што е идентификувано како осомничен за терористичкиот напад на техничкиот колеџ, Керч на Крим, е 22-годишен студент. При експлозија на бомба и масовно пукање што следувало веднаш по детонацијата загинати се 18, а повредени десетици луѓе, главно студенти на колеџот.

Осомничениот за учество во терористичкиот напад си го одзел животот. Тој беше студент во последна година на колеџот – изјавија официјални лица од руските безбедносни служби.

Сепак, засега нема официјална потврда на претходните извештаи од сведоци на трагичниот настан, коишто сопштија дека во нападот учествувале неколкумина маскирани напаѓачи, коишто пукале во студентите и вработените на колеџот.