Состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Владивосток траел речиси два часа, што е двојно повеќе од предвидените со протокол 50 минути.

Двајцата лидери си ветиле дека нивните земји ќе ги зајакнат меѓусебните врски.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека разговорот со севернокорејскиот лидер бил темелен, додека агенцијата Асошиејтед Прес наведува дека рускиот претседател разговорот го започнал со теми за нуклеарните проблеми на Северна Кореја и дека сака да помогне во подршката и напорите за нивно решавање.

Владимир Путин во Владивосток

Како што изјави Путин, со Ким разговарал за билатералните односи, моменталната ситуација и перспективата за нивниот развој.

Разговаравме за ситуацијата на Корејскиот полуостров и разменивме мислења за мерките кои би требало да ги преземеме како би се подобрила ситуацијата“, изјавил Путин.

Ким Џонг Ун за првпат во официјална посета на Русија

По средбата, Ким изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, кој го започнал бил конструктивен и дека и понатаму ќе биде таков.

Имавме многу значајна размена на мислења за теми кои се од заемен интерес. Изминаа седум години откако сум на власт, а досега немав можност да ја посетам Русија. Се надевам дека ќе имаме корисна средба во насока на подобрување на односите помеѓу нашите земји, кои имаат долго пријателство“, изјави Ким.

Ова е прва посета на севернокорејскиот лидер на Русија и негова прва средба со Путин.