Американскиот претседател Доналд Трамп вербално нападна новинари на прес конференцијата по повод вчерашните избори за американскиот Сенат и за Претставничкиот дом

На еден од новинарите му нареди да седне, додека на друг му рече дека е „невоспитана и грозна личност“.

Тој се изнервира откако новинари му поставија прашање за тоа зошто мигрантскиот конвој во Мексико го нарекол „инвазија“ врз САД.

Исто така му било поставено прашање зошто е емитувана предизборна реклама во која се појавува мигрантот Луис Брамонтес, осуден на смрт поради убиство на двајца полицајци во Сакраменто во 2014 година.