Шпанските власти евакуираа околу 2 илјади луѓе на Канарските острови заради пожар кој уништи повеќе од 500 хектари шума во последните 24 часа.

Пожарот кај градот Ваљесеко го гасат најмалку 250 пожарникари, со девет хеликоптери и два авиони, соопшти локалната Влада.

Тревога е прогласена и во општините Моха и Техеда каде живее најбројно население.

Според кажувањето на официјални лица, пожарот има „голем потенцијал“ да се прошири и наредена е евакуација на најмалку шест населени места, пренесува Асошиејтед прес.

Пожарите се чести во јужна Европа за време на топлите и сончеви летни месеци. За речиси половина шпански провинции денеска е на сила предупредување од зголемен ризик од пожари.