Откако се судриле со брод на шпанската цивилна гарда, шверцери на дрога ги спасиле полицајците од морето, но не избегнале апсење поради превоз на три тони хашиш, соопштија шпанските власти.
Инцидентот се случил на југот на Шпанија, каде што брод на Цивилната гарда бркал брод со четири лица кои превезувале дрога, соопшти полицијата во Андалузија.
Бродовите во текот на потерата се судриле и бродот со тројцата членови на Цивилната гарда се превртел. Превртениот брод почнал неконтролирано да се движи, што претставувало опасност за полициските службеници во морето.
На помош дошол и полициски хеликоптер, а полициските службеници од шверцерите на дрога преку мегафон побарале да им помагаат на нивните колеги во море, што тие и го направиле.
Сепак, по успешното спасување, шверцерите биле уапсени, а над 80 пакети хашиш, со приближна тежина од повеќе од 3.000 килограми, биле запленети.
Comments are closed for this post.