Најновото истражување на гласачкото расположение во Германија објавено е во Билд во саботата со наслов „шокантна анкета“. Зошто? ЦДУ/ЦСУ е се уште прва партија, иако за еден месец загубила два проценти, Зелените се втори, но „шокот“ се вика ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД) која е убедливо прва во источна Германија. Некогаш суверениот владетел на тој дел од Германија, Левицата (Линке) е симната од тронот. Во Саксонија и во Турингија АФД има поддршка од 23 проценти, ЦДУ е втора со 22, потоа е Линке со 18 и СПД со 14 проценти.

На исток Слободните либерали (ФДП) стигнуваат до 5 проценти, што значи дека би го поминале изборниот праг.

На национално ниво на прашањето „За кого би гласале доколку утре има избори“, кое им било поставено на 2.709 избирачи, резултатите се: ЦДУ/ЦСУ28 проценти, Зелените – 19 проценти, СПД – 18, АФД-13, ФДП – 8, Линке – 9 и други 5 проценти.

Овие резултати јасно покажуваат дека ЦДУ не е доволно силна за да може да формира мнозинска влада.