Седум луѓе се уапсени поради поврзаност со терористичките напади во Шри Ланка.

Според информации објавени од локалните власти, повеќето од бомбашките напади ги извеле бомбаши самоубици.

Во меѓувреме, бројот на мртви се искачи на 207, а повеќе од 400 се ранети, објави полицијата.

Во неколку цркви и хотели одекнале осум експлозии, од кои шест истовремено, а две експлозии нешто подоцна.