Јајце во глава доби австралиски сенатор кој ги обвини муслиманските имигранти за масакрот во Нов Зеланд. Имено, Австралискиот сентатор Фрејзер Анинг го шокираше светот со својата изјава во која кажа дека нападот е резултат на стравот од муслиманите, страв кој се повеќе расте во овие две земји.

„Вистинската причина за крвопролевањето на улиците во Нов Зеланд е имиграционата програма која им овозможува на муслиманските фанатици да се доселат“, изјави 69-годишниот Анинг кој е противник на имиграциските политики.

Коментирајќи го нападот тој доби јајце во глава од тинејџер.

Сенаторот не остана покус, го нападна момчето по што мораа да интервенираат луѓе од страна.