Во градот Веншан во јужната кинеска провинција Јунан, властите забранија прошетки на кучиња во текот на денот и почнаа да ги протеруваат овие миленичиња од парковите, трговските центри, спортските објекти и други јавни места.
Од 29 октомври, кучињата може да бидат надвор само навечер, меѓу 22 часот навечер и 7 наутро. Притоа, синџирот не смее да биде подолг од еден метар, а кучињата мора да бидат под контрола на возрасно лице.
Кина важи за земја со строги правила за кучињата и други миленици. Во Пекинг, на пример, во центарот на градот, од поодамна се забранети поголеми кучиња.
Парковите за кучиња се ретки и честопати е задолжително е да бидат во постојана придружба на сопственикот.
Comments are closed for this post.