Голем бран жештина се шири во Западна Европа. Властите ги предупредија децата, пензионерите и луѓето со хронични болести да се подготват за неподносливи жештини, објави весникот Гардијан.

Температурите ќе достигнат или ќе надминат 40 степени во голем регион – од Шпанија до Швајцарија поради комбинација од неподвижен циклон над Атлантскиот Океан и висок атмосферски притисок во Централна Европа. Во комбинација со висока влажност, на некои места субјективното чувство за температурата ќе биде како 47 степени, предупредуваат метеоролозите.

Во Шпанија, тие прогнозираат 42 степена во сенка в четврток во најмалку четири провинции. Објавена е тревога за зголемен ризик од шумски пожари.

Во Франција општините подготват простории со клима уреди дури во текот на ноќта, за да можат луѓето да се спасат од жештини. Во понеделникот во Париз беше 34 степени, со предвидувања температурата да се искачи и да остане толку жешко во поголемиот дел од седмицата.

Емануел Демел од Метео-Франс тврди дека топлотниот бран е многу невообичаен, бидејќи доаѓа многу рано. Според податоците на синоптичарите, таква појава во Франција немало од 1947 година. Франција одложи испити во училишта за следната недела, а добротворни организации почнуваат да разнесуваат шишиња со минерална вода на бездомници.
Ситуацијата наликува на најголемата топлотен бран во Франција од август 2003 година, кога од високите температури починаа 15 000 лица, а болниците не успеаја да ги прифатат сите кои имаа потреба