Администрацијата во Вашингтон издаде итна наредба која се однесува на америкaнските лица вработени во Ирак веднаш да го напуштат.

Како што пренесува Раша Тудеј, американската амбасада во Багдад соопштила дека има наредба сите лица кои не се „за итни случаи“ веднаш да се вратат во САД.

Ваквиот потег следи по подигнувањето на тензиите на релација САД – Ирак, но и ѕвечкање на оружјето помеѓу САД и Иран.

Неколкумина вработени веќе ја напуштиле амбасадата во Багдад, како и вработени во американскиот конзулат во Ербил, престолнината на ирачките Курди.

Раша тудеј потсетува дека администрацијата на САД во неделата ги предупреди своите граѓани да не заминуваат во Ирак, а доколку се таму, да бидат „воздржани“ од се што се случува. Исто така, ставено е во мирување издавањето визи.