Една жена била сериозно повредена минатата ноќ во својот дом во Ротердам. Полицијата соопшти дека таа била нападната од три кучиња кои и нанеле сериозни повреди.

Полицијата била принудена трите кучиња да ги застрела. Станува збор за еден стафордшир и два бул териери.

Соседите на несреќната жена јавиле во полицијата дека слушаат очајно викање, по што тие околу 01.45 часот ја повикале полицијата. За кусо време полицијата и амбулантно возило пристигнале во нејзиниот стан, а специјалците за кучиња не успеале да ги смират животните. Потоа тие решиле да ги убијат за да ја спасат жената, која е префрлена во болница со тешки повреди.

Полицискиот портпарол соопшти дека жената му ги чувала кучињата на соседот кој не бил дома за време на инцидентот.