Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах вели дека здравствениот сектор во таа земја мора да биде подобро подготвен за сите предизвици, вклучително и воените конфликти.

Дојче веле наведува дека Германија има и воени болници, а се гради и најголемата американска воена болница надвор од територијата на таа земја.

– Би било глупаво да се каже дека не се подготвуваме за воени конфликти, а потоа случајно да мислиме дека поради тоа нема да се случи – изјави Лаутербах.

 

Германскиот здравствен систем „покрај пандемии, мора подобро да се подготви и за големи катастрофи и можни воени конфликти“.

– Седењето со скрстени раце не е опција. Потребна ни е пресвртница и во здравството, особено ако се земе предвид фактот дека во случај на напад на некоја од земјите на НАТО, Германија би станала центар за лекување на повредените и од други земји – рече Лаутербах.

Секој лекар мора да знае што да прави

Во Вајлербах во областа Кајзерслаутерн во моментов се гради нова американска воена болница, вредна повеќе од една милијарда евра, од кои Германија ги сноси трошоците од 151 милион евра.

Тоа ќе биде најголемата американска болница во друга држава. кога бараше локација ,Пентагон се одлучи за Вајлербах.

Предноста е што новата болница директно преку мост ќе биде поврзана со воздухопловната база Рамштајн.

Вистинските градежни работи на американската болница Вајлербах започнаа во октомври 2022 година.

По завршувањето на изградбата, оваа американска воена болница ќе има вкупно 4.680 соби, од кои 120 сали за прегледи и девет операциони сали.

Планирано е комплетните градежни работи на површина од 90.000 метри квадратни и на амбулантата со димензии 600х300 метри да бидат завршени до крајот на 2027 година.На крајот на минатиот месец беше утврдено дека засега се се одвива според планот