Поранешната гимнастичарка Алина Кабајева, која наводно е долгогодишна љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, неодамна родила близнаци во луксузна приватна клиника во Москва, пишува Дејли Меил.

Откако Путин се разведе од сопругата Људмила со која имаат две ќерки, Марија(33) и Катерина(27), на големо се шпекулира за љубовниот живот на рускиот лидер.

Бившата госпоѓа Путин своевремено изјави дека бракот и се распаднал заради тоа што со сопругот ретко се гледале.

„Владимир е целосно посветен на неговата работа. Нашите деца се возрасни, а јас навистина не сакам публицитет“, тврди поранешната сопруга на Путин.

Заедно со неговата сопруга Људмила при посета на Таџ Махал 2015

Рускиот претседател наводно веќе десет години е во врска со гимнастичарката која, како што пишуваат медиумите, станала нестрплива во врска со бракот.

„Како пристојна личност порано или подоцна морам тоа да го направам“, вели Путин и додава дека и понатаму има пријателски однос со поранешната сопруга. „Имам многу добар однос со сопругата Људмила, се гледаме редовно. И децата ги гледам редовно, но не толку често како што би сакал, изјави рускиот претседател, а пренесува Куриер Меил.

Љубовниот живот на Путин е табу тема бидејќи претседателот често знае бурно да реагира на ваквите прашања, а Русија моментално нема своја „прва дама“.