Украинското Државно истражно биро денеска соопшти дека покренало кривична постапка за предавство против поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко.

Во соопштението се наведува дека со постапката се опфатени и други официјални претставници и дека во тек е предистражна постапка.

Постапката се однесува на инцидентот во Керчинскиот Тенсец на 25 ноември 2018 година, кога руските сили запленија три украински воени брода и ги уапсија членовите на нивните екипажи, под обвинение дека „неовластено влегле во територијалните води на Русија”.

Целиот случај е покренат по иницијатива на Андриј Портнов, заменик шеф на кабинетот на претходникот на Порошенко на претседателската функција Виктор Јанукович.

Мандатот на Порошенко на местото шеф на украинската држава истече вчер