Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев нема илузии дека ќе се смени нешто по претседателските избори во Украина, но верува оти постои шанса да се поправат билатералните односи.

Нема сомнеж, во однос на Русија, новиот претседател на земјата ќе ја има истата реторика како и за време на претседателската кампања и повторување на добро познатите идеолошки формули фокусирани на одредена група луѓе“, напиша Медведев на Фејсбук.

— English text below —

Выборы на Украине состоялись. Результат показал явный запрос на новые подходы при решении…

Posted by Дмитрий Медведев on Sunday, April 21, 2019

Украинскиот комичар Володомир Зеленски вчера победи во вториот круг од претседателските избори во Украина. Според првичните податоци, Зеленски освоил 73 отсто од гласовите, додека Порошенко само 25 проценти.