Руската војска го изложи оружјето кое бил одземено од терористите во Сирија. Меѓу бројните парчиња се наоѓаат и експонати произведени во поранешна Југославија, објави „Спутник“.
Па така меѓу оружјето се најдоа парчиња произведени во Македонија.Станува збор за лансирни цевки кои се прават во фабриката „11 октомври“ во Прилеп.
Запленети биле и противтенковски фрлачи на ракети „Оса“ со калибар од 90 милиметри кои биле користени и од страна на југословенската војска.
Се произведувале во фабриката во Вогошча. Се користат за уништување на оклопни возила и живи мети. како и огнени средства во бункери
Comments are closed for this post.