САД планираат воена интервенција во Венецуела, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Пaтрушев.

„Вашингтон планира воена интервенција на независна држава, покажувајќи ароганција кон народот на Венецуела, изјави Пaтрушев, пренесува Тас.

Распоредувањето на воени сили во Порторико, како и испраќање војска во Колумбија, јасно покажува дека Пентагон го зголемува своето присуство во регионот, и само бара причина за операција со која би се сменила легитимната власт во земјата, истакна Петрушев.

САД и многу западни и латиноамерикански земји го поддржуваат опозицискиот лидер Хуан Гваидо за привремен претседател, додека Русија, Кина и други земји го поддржуваат претседателот Николас Мадуро и се противат на мешањето во внатрешните работи на Венецуела.

САД, за денеска, побараа седница на Совет за безбедност на ОН како и расправа за ситуацијата во Венецуела, откако силите на претседателот Мадуро за време на викендот спречија конвој со странска хуманитарна помош да влезе во земјата.

Седницата ќе биде одржана во попладневните часови, по локално време.