Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека официјална Москва ќе размисли доколку Русија добие повик за учество на следниот самит на Г7, што ќе се одржи во САД.

На прес-конференцијата, претседателот Путин веќе одговори дека ако (поканата) пристигне, ние дефинитивно ќе ја разгледаме“, рече Песков.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Биариц дека дефинитивно е можно Русија да биде поканета на следниот самит на Г7.