Освен што мораше да употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, полицијата во Хонгконг првпат беше приморана да употреби и истрели од погнено оружје.

До таква ситуација дојде откако толпа маскирани напаѓачи фрлаа цигли и молотови коктели кон полицајците, а една група со шипки и тргнаа кон нив да се пресметаат. Во тој момент полицајците беа принудени да ги извадат пиштолите. Еден од нив пукаше во воздух за да ја сопре групата напаѓачи, додека неколку други полицајци, на друга локација, ги вперија пиштолите во група момчиња што ги бркаа со стапови, цевки и безбол палки, но не пукаа затоа што момчињата побегнаа, пренесува АП.

Најголемата група демонстранти беа во паркот во кој беше завршен денешниот марш, но групата радикални демонстранти ја зазеде главната улица фрлајќи по неа бамбусова трска и поставувајќи портокалови и бели сообраќајни бариери за да ја попречуваат полицијата.

Откако ги крена знамињата за предупредување, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, додека демонстрантите одговорија со фрлање цигли и молотови коктели. На тој начин протестите повторно се радикализарииат откако имаше неколкудневно смирување. Демонстрантите велат дека посегнуваат по насилство затоа што власта не одговара на мирните протести.