Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека шефот на дипломатијата Мохамед Џавад Зариф пристигнал во Биариц каде се одржува самитот на Г7.

Спореед извори од француското претседателство, кое е домаќин на форумот, засега не е во план средба со американската делегација.

Зариф ќе го пренесе одговорот на иранското раководство на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој има за цел да го спаси нуклеарниот договор во Иран за 2015 година“, изјави висок ирански претставник.

Иранската државна телевизија исто така објави дека портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Абас Мусави ја отфрлил можноста за каква било средба помеѓу Зариф и Трамп или лица од неговата делегација.