Претседателот на Русија Владимир Путин присуствуваше на божиќната литургија во Црквата Преображение во Санкт Петербург. Традиционално, Путин за Божиќ не е во Москва, додека за Велигден присуствува на служба во московскиот Храм Христос Спасител.

Путин во оваа црква го пречека Божик во 2012. година, кога беше премиер на Руската Федерација. Тогаш претседателот на новинарите открил дека во таа црква е крстен.

Божиќна литургија во Храмот Христос Спасител во Москва служеше московскиот патријарх Кирил, а на службата присуствуваше и премиерот Димитриј Медведев.