Подобрувањето на руско-турските односи е лично постигнување на турскиот претседател Таип Ердоган, смета рускиот претседател Владимир Путин. Смета дека Ердоган вложува голем труд и енергија во тоа.

Господине претседателе, драг пријателе, тоа во голема мера е твоја лична заслуга, твое лично достигнување, вложувајќи многу од своето време, рече Путин.

Како пример ги наведе зголемената трговска размена и поголемиот број (6 милиони)  руски туристи во Турција

Двајцата претседатели се сретнаа во Москва на разговори за безбедносната зона во северна Сирија што ја предложи Анкара.