Првиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, влегува во 14-дневен карантин, откако негов соработник заболел од корона вирусот.

Претставникот на ЕУ за надворешни работи и безбедност објави на Твитер дека ќе биде во самоизолација по патувањето во Етиопија каде еден од членовите на делегацијата заболел од Ковиод-19.