Неколку илјади луѓе денеска се собраа во Москва и во два други руски градови на протести против законот за интернет, бидејќи стравуваат дека може да дојде до интернет цензура за руските корисници.
Полицијата приведе 15 лица и ги конфискуваше нивните транспаренти, тврди опозициски активист на Твитер.
Меѓутоа, полицијата не соопшти дека некој е уапсен.
Митингот е организиран како одговор на предлог законот со кој се предвидува целиот интернет сообраќај да се насочи преку серверите во Русија, со што виртуелните приватни мрежи ќе станат неефикасни.
Протестите во Москва, Вороњеж и Хабаровск се официјално одобрени, додека неколку активисти во Санкт Петербург излегоа на улиците без согласност на власта.
Нацрт законот го помина првото читање во Државната дума, Долниот дом на Парламентот.
Comments are closed for this post.