Поради проблемите со новонаселените стотици луѓе од Бугарија и Романија, во германскиот град Хорн-Бад Мајнберг се одржаа демонстрации и контрадемонстрации, при што имаше и манифестации на насилство. Една мала екстремно десничарска партија повика на тивок протест,. Околу 200 граѓани протестираа против нив, скандирајќи „Нацистите надвор!“. За време на судирите, полицијата употреби палки и топол спреј, едно лице е повредено, а екстремно десничарски активист е привремено приведен.
Хулиганство, ѓубре, криминал
Хорн-Бад Мајнберг има население од 17.000 жители и се наоѓа во најнаселената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија. Локалниот претставник во покраинскиот парламент, Денис Мелцер, неодамна испрати писмо до премиерот на Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, во кое се вели: Граѓаните се повеќе се жалат на проблеми со нивната интеграција, загадување на јавните места, прекршување на обврската да ги праќаат децата на училиште, кражби, агресија и отворена проституција“, пишува dir.bg.
Comments are closed for this post.