Властите на Флорида вчера усвоија контроверзен закон со кој на наставниците им се дозволува на училиште да одат вооружени. Целта за носење на тој закон, како што е образложено, е да не се повторат вооружени напади како тој ѓто беше лани во февруари во средното училипте Парленд, кога поранешен ученик застрела 18 лица.

Законот беше усвоен во Претстванчкиот дом со 65 гласа „за“, наспроти 47 кои беа против.

Според законот, во иднина наставниците ќе посетуваат курсеви на доброволна основа, кои ќе траат 144 часови, на кои ќе учат како да ракуваат со оружје.

„Да се вооружуваат наставници е рецепт за трагедија“, изјави портпарол на Демократите од Флорида.

„Вистинско решение е да не се дозволи оружјето да се најде во погрешни раце“, додал портпаролот“.