Џулијан Асанж, основачот нa Викиликс, денес го одби барањето за екстрадиција во САД каде треба да му се суди најверојатно за хакирање компјутери со строго доверливи податоци, случај на најобемно крадење информации во историјата.

Британските медиуми објавија дека САД бараат основачот на Викликс да им биде испорачан од британските власти, но Асанж на судот му изјави дека тој не сака да биде екстрадиран.

Преку видео врска од затворот Белмарш, облечен во син џинс Асанж изјави:

Не сакам да се предадам и да бидам екстрадиран затоа што јас ја вршев мојата новинарска задача за што добив многу награди и заштитив многу луѓе“.

Случајот е одложен до 30 мај заради процедурални сослушувања, а посериозни сослушувања се плаирани за 12 јуни. Сепак од судот нагласуваат дека вистинското сослушување за екстрадицијата ќе биде по неколку месеци.

Поголема група поддржувачи на Асанж денес се собраа пред судот, а во судницата немало место каде да се седне, па мнгумина морале да седнат на под, објави „Експрес“.

Асанаж претходно, откако беше исфрлен од колумбиската амбасада во Лондон, каде престојуваше како азилант, беше осуден од судот во Вестминитер на 50 недели затворска казна заради кршење на актот за ограничено движење.