Во претставничкиот дом во САД денеска или утре ќе се гласа за резолуција со која од потпретседателот Мајк Пенс ќе се бара да се повика на амандманот 25.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси, најави дека оваа недела во долниот дом на Конгресот најпрво ќе се гласа за резолуцијата со која Пенс и американската влада ќе се повикаат да го сменат претседателот Трамп, пред да се покрене постапката за отповикување (импичмент).

Ако овој потег не успее, Демократите и официјално ќе покренат обвинение за поттикнување востание против Трамп за неговата улога во упадот на неговите приврзаници во зградата на Конгресот во средата.

Со активирањето на 25. амандман, Трамп ќе биде отстранет од Белата куќа, а Мајк Пенс ќе стане нов претседател.

  Иако Пенс се дистанцираше од Трамп, најавувајќи дека планира да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари, нема најави дека тој е подготвен да го активира 25. амандман.