Сите тринаесет патници загинаа кога приватен авион се урна за време на летот над градот Монклова, во Мексико.

Во леталото „бомбардер челинџер 601“ имало десет патници и тројца членови на екипажот.

Мексиканските медиуми објавија дека патниците во саботата гледале боксерски меч во Лас Вегас и авионот летал кон Монтереј, во Сојузната мексиканска држава Ноево Леон.

Имињата на екипажот и патниците се објавени во локалните медиуми.