Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена планира смена на првите луѓе на одбранбените сили во земјата во следните 24 часа, бидејќи не успеале да ги спречат самоубиствените бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 300 лица, и покрај фактот што имале информации дека нападите ќе се случат.
“Целосно ќе ги реструктуирам полицијата и безбедносните сили во следниот период. Планирам смена на шефовите на одбранбените сили во рок од 24 часа, порача Сирисена.
Тој тоа го соопштил во обраќањето до нацијата, кое е пренесувано на националната телевизија.
„Безбедносните претставници кои добиле разузнавачки извештај од странски земји не го поделија тоа со мене. Требаше да се реагира на соодветен начин. Одлучив да преземам строги мерки против нив“, истакна шефот на државата.
Comments are closed for this post.