По тримесечни демонстрации, полицијата на Хонг Конг првпат одлучи да ги забрани протестите што се закажани в сабота.

Саботните протести требаше да бидат одбележување на 50-годишнината од пакетот изборни реформи што ги предложи Пекинг.

Во образложението на полицијата се наведува дека протестот е забранет поради тоа што за време на проетстите демонстранти, набљудувачи, полицијаци и новинари се здобиле со сериозни повреди.

Неколку часа откако беше објавена забраната, маскиран маж нападна член на Фронтот за граѓански и човекови права (ЦХРФ) и негов пријател додека ручале во ресторан. ЦХРФ ги организираше еден од најголемите протести во Хонг Конг.