Пилотот кој загинал по падот на авион во мексиканските планини е познат по апсењето поради врските со картелот на Ел Чапо и одбивањето да го префрли синот на Муамер Гадафи, Саади, од Либија.

Воениот пилот Хуан Хозе Талавера, бил еден од 13-те лица кои настрадале пред два дена во мексиканската планина Окампо на северот на државата, пренесува „Daily Mail“.

Тој е познат по тоа што во јули 2006-та година бил уапсен на аеродромот во Тихуана заедно со уште 10 лица, поради сомнение дека работел за картелот на Хоакин Ел Чапо Гузман. Не е познато колку време поминал во затвор заради тоа.

Талавера во 2011 година одбил да го префрли синот на Гадафи, Садија од Либија во Мексико.

Тој и уште двајца пилоти тогаш одбиле да летаат од Косово на територијата на Либија за да го преземат синот на Гадафи кој тогаш бил на потерница од Интерпол.