Пилотот кој загинал по падот на авион во мексиканските планини е познат по апсењето поради врските со картелот на Ел Чапо и одбивањето да го префрли синот на Муамер Гадафи, Саади, од Либија.
Воениот пилот Хуан Хозе Талавера, бил еден од 13-те лица кои настрадале пред два дена во мексиканската планина Окампо на северот на државата, пренесува „Daily Mail“.
Тој е познат по тоа што во јули 2006-та година бил уапсен на аеродромот во Тихуана заедно со уште 10 лица, поради сомнение дека работел за картелот на Хоакин Ел Чапо Гузман. Не е познато колку време поминал во затвор заради тоа.
Талавера во 2011 година одбил да го префрли синот на Гадафи, Садија од Либија во Мексико.
Тој и уште двајца пилоти тогаш одбиле да летаат од Косово на територијата на Либија за да го преземат синот на Гадафи кој тогаш бил на потерница од Интерпол.
Comments are closed for this post.