Пакистанскиот премиер Имран Кан се обрати пред нацијата откако Пакистан утрово собори два индиски авиона и зароби двајца нивни пилоти.

И понудивме на Индија секаква поддршка во барањето на виновниците за терористичкиот напад“, рече премиерот на Пакистан во обраќањето до јавноста.

Тензиите пораснаа меѓу двете нуклеарни сили откако исламски фанатици на 14 февруари убија 40, а ранија 20 индиски војници.


Пакистанскиот премиер Имрах Кан повика на дијалог со Индија и рече оти се надева дека ќе надвладее разумот и ќе се смири ситуацијата по воздушните напади од двете страни во регионот Кашмир.

Историјата нас не учи дека војните се полни со погрешни проценки. Моето прашање е дали можеме да си дозволиме такви погрешни проценки имајќи во обзир видот на оружјето кое го поседуваме“, рече Кан, мислејќи на фактот дека и Пакистан и Индија поседуваат нуклеарно оружје.