Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неподготвеноста на некои земји да прифатат мултиполарен свет доведува до судири.

Очигледно е дека светот се трансформира во мултиполарен. Во исто време, упорната неподготвеност на некои земји да ја прифатат оваа нова реалност доведува до судири во светот – изјави Путин на пленарен состанок на меѓународен форум за развој на парламентаризмот.

Рускиот претседател порача дека итно е потребно да се изгради доверба во современиот свет.

Светската глобална агенда е сложена и обемна. Светот се соочува со големи предизвици и вистински, а не имагинарни закани – истакна Путин.

Претседателот на Русија смета дека одговорот на овие закани може да биде ефикасен доколку целокупната меѓународна заедница стане свесна за тие закани и доколку сите земји бидат подготвени на преговори и донесување колективни одлуки.